среда, април 24, 2024
spot_img
Повеќе

    (ВИДЕО) Бектеши: Енергетските трендови ја нагласуваат потребата за транзиција кон нискојаглеродна економија

    Министерот за економија беше еден од говорниците  во онлајн дискусијата за националната подготовка за учество на 26. конференцијата за климатски промени на Обединети нации

     

    Во изминатиот период активно се работеше на трансформација на енергетскиот сектор во земјата, со цел  транзиција кон ниско аглеродна економија, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши,  на дискусија за националната подготовка за учество на 26. конференцијата за климатски промени на Обединети нации во Глазгов, која ќе се одржи од 1-12 ноември  годинава, во коорганизација на Обединетото Кралство и Италија.

    „Северна Македонија, кон крајот на 2019 година, ја донесе Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, како еден од најзначајните стратешки документи за нашата земја во областа на енергетиката и одржливиот развој. Стратегијата ги определува можните правци на развојот на енергетиката, земајќи ги предвид движењата на енергетските трендови и политики во светски и европски рамки и особено во рамки на Енергетската заедница“, рече Бектеши.

    Според него, енергетските трендови ја нагласуваат потребата за поамбициозната транзиција кон нискојаглеродна економија, при што, во нашиот фокус се обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

    „Горд сум што во изминатиот период ја подготвивме и донесовме потребната законска регулатива,  усогласена со ЕУ директивите, што е основен предуслов за енергетската реформа. Работиме и на имплементација на оваа регулатива и успешно спроведуваме  проекти за изграба на фотоволтаични електроцентрали кои користат премија“, соопшти Бектеши

    Тој додаде декаСеверна Македонија оди кон остварување на зеленото сценарио/зелената агенда,  која носи предизвици, а имајќи ја предвид Софиската декларација за земјите од Западен Балкан и европскиот инвестиционен план.

     

    Во онлајн дискусијата се вклучија и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, амбасадорката на Обединетото Кралство, . Рејчел Галовеј и амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри.

    Вицепремиерот Битиќи рече дека овој настан се одржува во пресрет на Самитот на лидери кој го свика претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, а чија цел е да ја зацврсти заложбата на земјите во процесот на справување со климатската криза.

    Министерот за животна средина и просторно планирањ се осврна на   ревидираниот национален придонес кон Договорот од Париз за климата.

    Амбасадорката Брнз се осврна на климатските промени во светот, како последица на глобалното загревање и ги претстави амбициите на САД во насока на борба против климатските промени.

    Британската амбасадорка рече дека климатските промени се голем предизвик за сите, како и дека по завршување на ковид кризата секоја држава во светот ќе треба да го прифати предизвикот да создава одржлив и инклузивен одржлив економски развој.

    Амбасадорот Силвестри рече дека Италија постојано ја претставува својата силна заложба за намалување на стакленичките гасови и искажа задоволство што во рамките на ЕУ е постигнат договор за усвојување на закон за климата со кој се создава обврска за сите земји членки за остварување на климатска неутралност до 2050 година.

     

     

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ