Во Владата утре попладне ќе се одржи средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потврдија од владата и од двете партии.
Информацијата за МИА ја потврдиле од Владата, посочувајќи оти средбата ќе се одржи во 16 часот.
Власта и опозицијата изминативе десетина дена се критикуваа и меѓусебно обвинуваа за понудените решенија за кризата со набавка на гас и струја и за производство на електрична и топлинска енергија.