четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Уреди во домаќинства со висока потрошувачка на електрична енергија

    Како да почнете да штедите на потрошувачката на електрична енергија

    Со сè повеќе електрични уреди во домаќинствата, потрошувачката на електрична енергија расте. Многу често забораваме дека енергијата треба рационално да ја трошиме, односно со намалувањето на потрошувачката не само што си ги намалуваме трошоците, туку исто така помагаме на зачувување на околината.

    Еве кои уреди трошат најповеќе и начини на кој може да се намали потрошувачката:

    Стари ладилници и замрзнувачи

    Старите ладилници кои ги имаме дома не се енергетски ефикасни за разлика од новите уреди кои се со А+++ (има 7 ознаки за енергетски ефикасни уреди, од најефикасни  A+++, A++, A+, A, до помалку ефикасни B, C, D). Кога ќе купувате нов ладилник, треба да ги земете во предвид енергетките ознаки како и големина на ладилникот, оптималната големина придонесува за најрационално трошење на енергијата.

    Машина за сушење на алишта

    Иако се претпоставува дека машината за перење на алишта е најголем потрошувач, машината за сушење троши повеќе електрична енергија. Најдобро би било да ја користите само по потреба, односно некои алишта нема потреба да се сушат во машината.

    Телевизори, персонални компјутери, монитори

    Телевизорите трошат околу 100 W електрична енергија, компјутерите 300-400 W, значи за еден ден трошат околу 2-4 kW. Доколку не се користат, исто како светлата, треба да се исклучат.

    Уредите и начинот на кој ги користиме ни ја дефинира и потрошувачката на енергија, треба внимателно да се користат и да се гасат по потреба. Исто така уредите кои се направени да траат подолго, се помалку енергетски ефикасни отколку новите уреди направени со понова и енергетски поефикасна технологија.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ