четврток, април 18, 2024
spot_img
Повеќе

    Трговците на пелети во Царина пријавувале лажни фактури, Бектеши ги повика надлежните веднаш да постапат

    Министерството за економија утврдило дека се доставуваат лажни фактури во делот на увозот на пелети. Затоа, како што соопшти денеска министерот Крешник Бектеши, трговците на мало и на големо со пелети се жалат на цената која е замрзната.

    – Цената која е пријавена во Царинска управа за месец октомври е 24 денари по килограм. Ако тие доставиле лажни фактури и направиле договори со производителите во странство, ги повкувам веднаш Управата за јавни приходи и секторот за надзор во Царинската управа веднаш да постапат, да ги контролираат и веднаш да бидат санкционирани – посочи тој.

    Министерот Бектеши истакна дека цената на пелети не ја утврдува министерството за економија и таа доаѓа како предлог од страна на Национални шуми и од страна на цените кои тие ги имаат од Царинската управа.

    – Ако кај нас се доставува фактура со 24 денари, а тие се жалат дека не можат да продаваат со 27 денари, тогаш тие фактури кои се пријавуваат во Царинската управа, јас одговорно како министер за економија, иако немам надлежност, велам дека се лажни и тоа е кривично дело каде што надлежните органи треба да постапуваат – обвини Бектеши.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ