сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Субвенционираната струја да се укине само за оние компании кои не ги намалиле цените на своите производи, а не за сите, предлага Сојузот на стопански комори

    Субвенционираната струја да се укине само за оние компании кои не ги намалиле цените на своите производи, а не за сите, предлага Сојузот на стопански комори, за да не дојде до нов бран поскапувања.

    Од Сојуз на стопански комори бараат средба со Бектеши на која ќе се обидат  уште еднаш да го убедат  министерот дека  помошта не треба да им се одземе на сите.  Предупредуваат дека ако се укине мерката,  цените повторно можат  да отидат нагоре.

    -Оние компании кои согласно договор не ги намалија цените, тие фирми  да се префрлат на слободен пазар и да се укине за нив , но за оние кои ја почитувале не треба да им се укине. Секоја компанија ќе направи анализа. Не би преудицирал, но може да се случи зголемување на цените-, вели  Горан Ѓеоргиевски- потпретседател на ССК.

    Вкупно 240 фирми од прехранбениот сектор веќе трет месец користат субвенционирана струја по цена од 80 евра за мегават час. Мерката требаше да важи до 1. април, но по реакциите во јавноста дека цените се намалиле незначително, министерот за економија Крешник Бектеши најави дека ќе бара мерката да се укине.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ