сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Струјата поскапува за 9,48% – се укинува дневната евтина тарифа

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска на прес конференција ја соопшти новата цена на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари 2022.

    Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски посочи дека цената на струјата се накачува за 9,48%, додека пак се укинува дневната евтина тарифа која важеше од 14 до 16 часот.

    Тој додаде дека ноќната евтина тарифа и таа во недела остануваат на сила.

    „Евтината тарифа во текот на ноќта и во недела остануваат и никогаш не биле доведени во прашање“, рече Бислимовски.

    Бислимовски вели дека доколку не се тргнела дневната евтина тарифа од 14-16 часот, цената на струјата ќе се зголемела за 14,23%.

    Бислимовски потврди дека ЕСМ (Електрани) ќе ја продава струјата од сопствено производство на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме за 41 евро за мегават час, а досега цената беше 36,1 евро.

    ЕСМ вети дека ќе обезбедува 100 % струја за домаќинствата на ЕВН Хоме.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ