четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Струјата ќе поскапи за потрошувачите од четвртиот блок, за првиот и вториот можно е намалување, вели Ковачевски

    Генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, најави намалување на цената на електрична енергија на регулираниот пазар за малите потрошувачи, бидејќи како што вели актуелните цени се причина за затворање на голем број на економски субјекти.

    -Се она што го правиме во овој период е да нема зголемување на цените, дури можно е да има и одредено намалување на цената за првиот и вториот блок во кој влегуваат граѓаните кои штедат и трошат помалку енергија, како и граѓаните кои имаат помали примања и живеат во помали објекти и оние со пониски примања. Токму за нив Владата бара начин да нема зголемување, а можно е сметката да има и одреден процент на намалување за сметка на четвртиот блок каде се најголемите потрошувачи кои трошат најмногу енергија и користат поголеми капацитети за загревање. Таму ќе има поголемо зголемување, рече Ковачевски на денешната прес-конференција во ЕСМ.

    Владата прави напор во делот на малите потрошувачи да има намалување на цената. Тоа се 65.000 субјекти, а имаме информација дека 7.000 правни субјекти вќе затвориле. Треба да се помогне на таа категорија на потрошувачи, тука ќе има значително намалување на цената, најави Ковачевски.

    Сметам, додаде, дека кај нив ќе има значително намалување на цената на електричната енергија.

    -Како ЕСМ задно со Владата правиме пресметки цената која ЕСМ ќе ја дава кон ЕВН Електродистрибуција и кон МЕПСО заедно со онаа кон ЕВН Хоум да не предизвикаат зголемување на цените, односно дури да може да има намалување на цената за крајните потрошувачи, потенцира Ковачевски.

    Прецизира дека за потребите на ЕВН Хоум ќе достават табела од сегашната цена од 48 евра за мегават час па нагоре, а Владата на затворена седница одучува која цена ќе биде препорачана и во затворен плик ќе ја достави на денот на тендерот на ЕВН Хоум.

    ЕСМ денеска треба да ја достави цената по која Електродистрибуција ќе ги покрива загубите во системот, утре треба да биде доставена цената за ЕВН Хоум, а во понеделник за покривање на загубите во системот на МЕПСО. Се очекува од вторник, па до крајот на следната недела Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги – РКЕ да ја донесе одлуката за цената на електричната енергија што ќе важи од 1 јануари идната година за да може навреме ЕВН да ги подготви софтверите. Засега се знае дека по 1 јануари ќе се зголеми ДДВ-то за потрошената електрична енергија од сегашните 5 на 10 отсто, но сепак ќе остане со повластена стапка до јули идната година кога согласно одлуката на Владата треба да се врати на вообичаените 18 отсто.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ