сабота, јули 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Струјата ќе поскапи за 0,4 отсто за 88% од домаќинствата

    Цените на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во втор блок има зголемување од 0,85 проценти, во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок ќе има зголемување од 1,88 проценти, додека евтината струја ќе се зголеми за 0,65 проценти, информира Регулаторната комисија за енергетика.

    Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, посочи дека со ова за 88 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка во прв и втор блок нивниот трошок за електрична енергија ќе се зголеми за 0,4 проценти. За 8 проценти од домаќинствата кои што имаат потрошувачка и во трет блок нивниот трошок на месечно ниво ќе се зголеми за 0,48 проценти и за 4 проценти од домаќинствата кои што влегуваат со потрошувачка и во четвртиот блок, нивниот трошок ќе се зголеми за 0,57 проценти.

    Бислимоски оцени дека вака донесената одлука за новата цена на струјата нема никакви реални промени бидејќи, како што рече, за најголемиот дел од потрошувачите, за домаќинствата, зголемувањето е под 0,5 проценти.

    „Ова се овозможи со тоа што на ‘ЕВН хоум’ му дадовме насока 15 проценти од количините кои не се обезбедени да ги набавува на берзата на електрична енергија којашто функционира во Македонија и во периоди кога цената на електричната енергија е блиску до цената којашто ја понуди ЕСМ на тендерот 60 евра за мегават-час“, додаде Бислимоски.

    Дополнително, како што кажа, во формирањето на цената на струјата улога играле и измените на Законот за енергетика што Собранието ги усвои во вторникот, а според кои од 11,5 проценти, маржата за електричната енергија се намали на 9,9 проценти.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ