вторник, ноември 12, 2024
spot_img
Повеќе

    Странските компании ги мачи цената на енергентите и инфлацијата

    Цената на енергенсите и ннфлацијата се најсериозни ризици за работењето на компаниите во 2023 година, покажува анкетата на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство.

    Во однос на трошоците за електрична енергија и енергенси, кај 40 проценти од анкетираните компании се зголемени трошоците за електрична енергија од 300 до 500 проценти или од три до пет пати, од 100 до 300 проценти зголемени трошоци за електрична енергија кај 30 отсто од компаниите и до 100 проценти се зголемени трошоци за електрична енергија кај 30 отсто од анкетираните компании.

    Околу 30 отсто од странските компании во земјава очекуваат помали нето приходи во последниот квартал годинава во однос на истиот период лани, како резултат на економската криза, а 12 отсто од нив, поради намалениот обем на работа би можеле и да посегнат по најнепопуларната мерка – да го намалат бројот на вработени.

    – Топ пет прашања на кои државата треба да се фокусира во 2023 година е подобрување на инфраструктурата и навремено исполнување договорни или законски обврски, усогласување на правилата за оправдани инвестициски трошоци за државна помош и сметководствени правила според меѓународните стандарди – истакна Виктор Мизо, претседател на оваа Асоцијација.

    Според анкетата, државата треба да се фокусира и на намалување на оперативните трошоци на ТИРЗ, усогласување на царинските увозни стапки со оние во ЕУ, како и олеснување на правилата и постапката за престој и работа на странските државјани.

    Во анкетата се наведува и дека 94 проценти од анкетираните компании се корисници на државна помош, а 55 проценти од нив во изминатите три години реализирале инвестиција со нов пакет, односно склучиле нов договор за државна помош. Дванаесет проценти од компаниите имале инвестиција во последните три години, но не побарале нов пакет за државна помош.

    Анкетата  е спроведена од 20 ноември до 10 декември годинава. Со анонимната анкета биле опфатени компании од сите региони освен од североисточниот регион,  92 проценти се во сериско производство, една во предпроизводство, а една е инвестиција во тек.

    Мнозинството се од автомобилска индустрија, како и за медицинска помагала и за различен тип на индустриски компоненти.

    Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство ги застапува интересите на извозните компании со технолошко напредно производство со целосен странски капитал.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ