сабота, октомври 12, 2024
spot_img
Повеќе

    Стопанската комора ја критикува државата дека ги остави големите компании сами да се справуваат со енергетската криза

    Големите индустриски капацитети ја критикуваа државата дека во изминатиот период ги остави сами да се справуваат со енергетската криза.

    Членките на Стопанската комора најавија дека ќе бараат и оштета за претрпената штета и никогаш повеќе нема да чекаат државата да им ги решава проблемите.

    „За прв пат се одважуваме да прозбориме што поминавме во изминатиот период и за она што не очекува во наредната сезона, на време да ги направиме работите бидејќи се направија големи пропусти кои ги платија компаниите со сериозни пари“, рече претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, повикувајќи ги компаниите да извлечат поука и навреме да се подготват уште сега бидејќи во август или во септември ќе биде доцна.

    Во презентираната анкета од страна на Стопанската комора се наведува дека голем број компании кои се снабдуваа со електрична енергија од слободниот пазар имале зголемени трошоци кои достигнувале и до 470 отсто кај металургијата или над 250 отсто во хемиската индустрија што резултираше со намалување на производството и затворање на дел иод капацитетите. Доколку ова се повтори и годинава, тогаш тоа ќе има уштѕе поголеми последици врз компаниите.

    „Колегите од другите земји ни велат – носите суровини, материјали од Јапонија, Кина, не успеавте струја да си обезбедите? Доста им ги лижете во Владата, на министри кои прв пат слушнале за струја? Еднаш ќе ве излажат, ама втор пат треба да си морон, трет пат кретен, “ рече Азески.

    Членките на Комората не се согласуваат со тврдењето со кое се фали Владаат дека во енергетската криза биле помогнати фирми во кои се 98 отсто од вработените во државата.

    „Постојано слушаме дека економијата била помогната и дека фирмите во кои што работат околу 98 од вработените во стопанството биле поддржани во енергетската криза, но податоците упатуваат дека компаниите на слободниот пазар не беа поддржани и дека станува збор за околу 100 илјади вработени, директно и индиректно“, изјави претседателот на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), Кочо Анѓушев.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ