сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Србија не размислува за поскапување на струјата

    Гасот кај нас нема да поскапи до крајот на годината, бидејќи имаме долгорочен договор со ‘Газпром’“, изјави српската министерката за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ

     

    Српската министерката за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ, изјави дека цената на гасот во Србија нема да се зголеми до крајот на годината, а дека во овој момент не се ни размислува за поскапување на струјата, ниту пак има барање за тоа.  

    „Цените на нафтата на светскиот пазар дивеат, но гасот кај нас нема да поскапи до крајот на годината, бидејќи имаме долгорочен договор со ‘Газпром’“, изјави министерката  за РТС.

    Кога станува збор за цените на нафтените деривати, таа рече дека државата, од своја страна, нема да ги зголеми нивните цени преку државни давачки, но дека  не може да влијае на цената на нафтата во светот, која се зголеми од 50 на 70 долари за барел во во последните два месеци.

    Зборувајќи за цената на електричната енергија, таа изјави дека засега нема барања за поскапување.

    „Многу е поважно да се намали потрошувачката на електрична енергија и топлина во следните неколку години и да им се помогне на граѓаните да имаат помали сметки преку зелена енергија“, рече Михајловиќ. 

    Таа исто така посочи дека изградбата на гасоводот Ниш-Софија ќе започне до крајот на годината и дека овој гасовод се очекува да заврши во 2023 година.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ