петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Србија може да ја укине забраната за нуклеарна енергија

    Владата на Србија може да ја укине постојната забрана за нуклеарна енергија во земјата за да дозволи изградба на модуларни реактори, изјави во понеделникот министерката за енергетика Зорана Михајловиќ.

    „Имаме мораториум за изградба на нуклеарни централи што беше воведен по катастрофата во Чернобил, што беше сосема разбирливо во тоа време, но сето тоа се промени од 1986 година“, изјавила Михајловиќ.

    Србија сè уште не започнала разговори за работа на модуларни нуклеарни реактори на нејзина територија, но ги разгледува сите опции што ќе ја гарантираат нејзината енергетска стабилност, рече Михајловиќ.

    „Обновливите извори на енергија и големите хидроцентрали не се доволни […] Постепено ќе го намалуваме производството на термоелектрани во годините што доаѓаат и ќе треба да изградиме дополнителен капацитет за електрична енергија“, додала.

    Во ноември, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека земјата размислува за изградба на нуклеарна централа во соработка со руската компанија Росатом. Најголемата пречка пред изградбата на нуклеарна централа во Србија е финансирањето, изјави тогаш Вучиќ.

    Росатом во декември потпиша договор за учество во изградба на центар за нуклеарна наука и технологија во Србија.

    Извор: Танјуг, SeeNews

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ