вторник, април 23, 2024
spot_img
Повеќе

    Според премиерот Ковачевски, без субвенционирана струја треба да останат само фирмите што не ги намалиле цените на основните прехранбени производи

    Ако компаниите не ги намалуваат цените на нивните производи, а за тоа немаат објективни причини, тие не треба да добиваат субвенционирана струја од државата, бидејќи субвенциите се од граѓаните, вели премиерот Димитар Ковачевски.

    Од 1 декември, производителите на храна плаќаат повластена цена на електрична енергија, но засега не се исполнуваат очекувањата на Владата за намалување на цената на прехранбените производи за барем 10 отсто.

    Премиерот сега вели дека за компаниите кои не го почитуваат џентлменскиот договор меѓу Владата и стопанските комори за намалување на цените на нивните производи, не треба да важи мерката за набавка на електрична енергија по субвенционирана цена.

    „Доколку нема објективни причини за тоа да не бидат намалени цените и покрај субвенционираната цена на електрична енергија, тогаш нормално дека нема да добиваат субвенционирана цена на електрична енергија, бидејќи таа електрична енергија ја субвенционираат граѓаните на државата. И тоа се средства на граѓаните за да може да се намалат цените на производите“, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање на презентација на новата инвестиција на германската компанија „Гересхајмер“ во ТИРЗ.

    Прашан конкретно дали сите компании од прехранбениот сектор треба да останат без субвенционираната електрична енергија или само оние што не ги намалиле цените на основните производи, премиерот рече: „Мојот пристап би бил, доколку е можно, за тие одредени компании“

    Mинистерот за економија, Крешник Бектеши во средата рече дека над 60, а некаде дури и над 70 отсто од компаниите од прехранбениот сектор не ги намалиле цените на основните производи и дека по завршување на анализите на извештајот на Пазарниот инспекторат Министерството за економија ќе и предложи на Владата укинување на мерката за помош на овие компании со субвенционирана цена на струјата.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ