петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Солидната оцена на Fitch Ratings за ДЕИ (PPC) совршено ја заклучува 2020 година

    Американската агенција за кредитен рејтинг Fitch Ratings даде поволна оцена на државната грчка енергетска компанијата ДЕИ (PPC) која го подобрува кредитниот имиџ на компанијата и ја прави чекор поблизу до пазарите на капитал.

    Кредитната агенција на компанијата ДЕИ (PPC) и даде рејтинг ББ – , оваа оценка е двојно подобра од рејтингот Б, добиен од S&P во ноември.

    Оваа оценка и овозможува на ДЕИ (PPC) да започне да ја испита можноста за позајмување преку емисија на обврзници за прв пат по шест години.

    Оценката на Fitch Ratings на ДЕИ (PPC) одлично е прифатена во централата во Атина, бидејќи не само што  совршено ја заврши успешната година, туку и воспостави солидна основа за уште подобра 2021 година.

    Толкувањата на резултатите од страна на некои аналитичари остануваат претпазливо оптимистички. Овие аналитичари сметаат дека консолидацијата на подобрената позиција на ДЕИ (PPC) мора да почека до објавувањето на нејзините финансиски резултати за годинава. Поволните вести за претстојната 49-процентна приватизација на подружницата DEDDIE / HEDNO, оператор на дистрибутивната мрежа, исто така, дополнително ќе го подобрат имиџот на ДЕИ (PPC), посочија тие.

    Интегрираната деловна структура на ДЕИ (PPC), доминантната позиција на пазарот, долгорочната одржливост како резултат на стратешкото репозиционирање, како и поволните реформи во енергетскиот сектор од 2019 година до денес беа клучни фактори за поволно оценување на Fitch Ratings.

    Конзорциумот од компанијата ДЕИ (PPC) и компанијата Архиродон е една од десетте компании кои учествуваат во тендерот за проектот “Чебрен“ во Северна Македонија вреден минимум 500 милиони евра.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ