петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Соларните панели на покривите на згради се задолжителни во Берлин од 2023 година

    Во главниот град на Геманија, Берлин, донесена е одлука за задолжително поставување на фотоволтаични или термално-соларни инсталации на покривите на новите згради како и при обновување на постоечките покриви од 01 јануари 2023 .
    Ова е дел од напорите да се покријат 25% од потребите за електрична енергија добиена од сончева енергија до 2050 година

    Сончевата енергија игра клучна улога на патот кон климатски неутрален Берлин и германскиот главен град дава пример во однос на заштитата на климата и енергетската транзиција за другите држави и општините во земјата.

    Исклучоци од оваа обврска ќе бидат направени за покриви свртени кон север или каде што инсталирањето соларни панели е технички невозможно, според извештаите.

    Со оваа одлука, Берлин ги следи стапките на другите градови и региони низ целиот свет кои налагаат делови од нови приватни или јавни згради да имаат соларни панели на покривот.

    Според СоларПауер Европа, покривите во ЕУ имаат потенцијал да произведуваат 680 TWh соларна електрична енергија годишно и да покриваат четвртина од тековната потрошувачка .

    НАЈНОВИ ВЕСТИ