сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Собранието ја продолжи кризната состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје

    За одлуката гласа 59 пратеници, без гласови „против“ и „воздржан“. Кризната состојба ќе трае до 30 април

     

    Собранието  денеска донесе Одлуката за продолжување на кризната состојба на подрачјето на Град Скопје, поради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење  алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

    За одлуката гласа 59 пратеници, без гласови „против“ и „воздржан“. Кризната состојба ќе трае до 30 април.

    Владата, односно Електрани на С Македонија ја презема обврската за снабдување со топлинска енергија наспроти БЕГ како снабдувач во услови кога цената на енергенсот е за 40 отсто зголемена.

    За опозицијата, граѓаните не треба да плаќаат повисоки сметки поради несовесното работење на Владата, односно институциите кои не знаеле како да ја менаџира енергетската криза. За владејачкото мнозинство, Владата навремено и ефикасно одговара на сите предизвици, во интерес на граѓаните и стопанството.

    Министерот за економија Крешник Бектеши образложи доколку оваа криза би била оставена на одговорност на Град Скопје и со оглед на инфраструктурата на десетте скопски општини, тогаш би пропаднал целиот електроенергетски систем во земјава поради тоа што трафостаниците во овие општини не се во состојба да добијат дополнителен капацитет ако се премине од централно греење со топлинска енергија во греење со електрична енергија.

    Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Ангелевска рече дека во моментов во државата има четири кризни состојби, за кои Владата не чувствува одговорност туку вината ја префрла на друг.

    „Енергетската криза е светска, пандемијата е светско зло. И тоа е така. Меѓутоа, сигурно дел од вината има и власта на СДСМ и ДУИ. За енергетската криза, досега се платени 170 милиони евра. За да им биде појасно на граѓаните, кризата се прогласува за да може да се префрлаат парите од буџетот во ЕСМ. Ова продолжување до 30 април не е за купување на гас, туку да се субевнционираат средства за сметките за парно за домаќинствата кои се повисоки за 20 отсто“, рече Ангелевска.

    Според неа, ЕСМ е пример за неработење и опозицијата се сомнева дали парите од буџетот ќе стигнат таму каде што треба.

    Ангеловска посочи дека според донесена одлука, училиштата ќе треба сами да си ги плаќаат сметките, оти образованието е изземено од оние на кои им се помага. Таа праша дали за сметките на училиштата треба да се погрижат општините.

    Во реплика до Ангеловска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека енергетската криза е криза која мораме сите заедно да ја споделиме.

    „Не може ниту една локална власт да не направи ребаланс и дел од средствата да ги насочи кон кризата исе да бара од Владата. Не може општините, кои комуналните такси треба да ги собираат според закон, да ги ослободуваат граѓаните и компаниите, а да не сметаат дека учениците треба да се греат“, рече Спасовски.

    Тој потсети на одлуката во 2012 година, со која се даде налог да се формира БЕГ  и да се преземе „Топлификација“, како што рече, спротивно на законот, за што во 2019 година се поднесени кривични пријави.

    Кризната состојба со топлинската енергија во Скопје ќе трае до крајот на април

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ