недела, октомври 13, 2024
spot_img
Повеќе

    Собранието изгласа продолжување на кризните состојби со струјата и парното

    Собранието на денешното продолжение на 86-тата седница изгласа продолжување на рокот на кризните состојби поради недостиг на електрична енергија на територијата на цела држава, како и поради недостиг на топлинска енергија во Скопје.

    Со 83 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“ беше изгласано продолжувањето на рокот на постоење на кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија, а со 86 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“, беше изгласана предлог-одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.

    Oвие кризни состојби ќе се прогласат од утре (1 октомври) и ќе важат до крајот на април 2023 година.

    Кризната состојба истекува денеска и за продолжување мораше да одлучи парламентот.

    Со кризната состојба на владата ѝ се дава можност полесно да набавува струја, да ограничува потрошувачка или, ако треба, да воведе рестрикции.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ