четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    Собранието го изгласа законот за решавање на спорот меѓу Владата и Макпетрол

    Собранието денеска попладне го донесе Законот за решавање на спорот за „ГА-МА“ со 60 гласа „за“, 30 „против“ и без „воздржани“. Расправата по ова законско решение почна во петокот и траеше повеќе од 21 час за време на викендот.

    Ова законско решение предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.На тој начин, државата ќе стане 100 процентен сопственик на целиот национален гасоводен систем.

    По гласањето, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, рече дека законот ги крши членовите 8, 52, 55, 68, 98 и многу други од Уставот и го повика претседателот на Републиката, Стево Пендаровски да не го потпише указот за прогласување на овој, како што рече, скандалозен закон.

    – Најавуваме дека ќе поднесеме постапка за оценување на уставноста на овој закон, кој што за жал, луѓето од Владата немаа храброст да го потпишат затоа што знаеа дека ова законско решение е неуставно, па прво пробаа преку Државното правобранителство да го протнат и на крај го најдоа решението преку владејачкото мнозинство и овие 62 пратеници да го потпишат овој закон, изјави Мицевски.

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ