вторник, април 16, 2024
spot_img
Повеќе

    Собранието го избра новиот член на РКЕ

    Собранието го избра денеска Андреј Тасев за член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    Во расправата по оваа точка, пратениците од мнозинството и од опозицијата настапија со спротиставени ставови. Според ВМРО-ДПМНЕ, изборот на Тасев е спротивен на Законот за енергетика, затоа што тој бил функционер на СДСМ.

    Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски рече дека продолжува дрското и бесрамно спроведување на политиките на СДСМ во енергетиката и пополнување на клучните места во енергетскиот сектор со, како што тврдеше, нестручни и некомпетентни лицат.

    „Согласно со Законот за енергетика, тој што ќе биде предложен во оваа комисија не смее да има партиска функција. Предложениот Андреј Тасев, кој треба да биде член на РКЕ, седи до Зоран Заев, но  е и носител на листа на СДСМ за Дојран во 2001 година и во два мандата бил советник на СДСМ, што е спротивно на законот. Тасев го има и на список на Централниот одбор на СДСМ. Човекот кој треба да стане дел од РКЕ има  партиска функција“, рече Стојаноски.

    Тој ги повика Државната комисија за спречување на корупција и сите надлежни органи да не дозволат вакво нешто да се случи и додаде дека овој кандидат не ги исполнува условите да биде член на РКЕ.

    Пратениците од СДСМ посочија дека Андреј Тасев е вистинскиот кандидат за ова место и забелешките на ВМРО-ДПМНЕ за нив се неосновани и необјективни. Тие нагласија дека Тасев има соодветно високо образование, работно искуство и е стручен за областа за која се предлага. Потврдија дека во два мандати бил член на Советот на Општина Дојран и работел, како што велат, за интересите на сите граѓани и бил претседател на УО на ЈПКД „Комуналец Полин“ од Стар Дојран.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ