четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    Снегот и во Србија предизвика проблеми со струјата

    Без електрична енергија останаа близи три илјади потрошувачи на Златибор

    Претседателот на РКЕ апелира да се нормализира напојувањето со електрична енергија секаде во С Македонија, по вчерашниот неколкучасовен опрекин во Југозападните делови од земјава

     

    Речиси 3 000 потрошувачи на  струја на Златибор останаа без електрична енергија поради врнежите  од снег и ниските температури.

    Проблеми со електричната енергија има и во Моравичкиот округ и во Студеница.

    Поради големото невреме, проследено со обилни врнежи од снег и силен ветер, на територијата на Србија се регистрирани голем број дефекти на електродистрибутивната мрежа, особено во планинските предели на западна и централна Србија.

    Во текот на вчерашниот ден во С Македонија, општините од Југозападниот регион во државата останаа неколку часа без струја поради голем дефект на далноводи на МЕПСО, за што како причина беа посочени обилните снежни врнежи.

    Дефект на далноводи на МЕПСО го остави без струја Југозападниот регион

     

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) апелира до мрежните оператори за електрична енергија да ги преземат сите мерки за враќање на нормалното напојување со електрична енергија во целата држава, изјави за МИА претседателот наКомисијата, Марко Бислимовски.

    Тој рече дека во одредени делови веќе е вратено напојувањето со електрична енергија, но апелира за преземање на дополнителни мерки.

    „Знаеме дека веќе се преземаат сериозни активности и дека, во услови кога има и снег, во одредени делови е вратено напојувањето со електрична енергија. Но уште еднаш апелираме да се врати напојувањето на територијата на целата држава“, изјави Бислимовски.

     

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ