четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    „Шел“ ја отвори првата бензинска станица во Скопје

    „Шел“ по две години присуство на пазарот на Северна Македонија, ја отвори првата бензинска станица во Скопје лоцирана на булеварот „Борис Трајковски“ бр. 101, во населба Пинтија.

    „Корал фуелс“ ДООЕЛ Скопје, како дел од грчката компанија Coral S.A., започна со работа под брендот „Шел“ во С Македонија во 2021 година и е официјален носител на лиценцата за „Шел“ на локалниот пазар. „Корал фуелс“ веќе работи со две малопродажни станици под брендот „Шел“ во Смоквица, на автопатот „Пријателство“ во близина на границата со Грција.

    „Шел“ продолжува со својот динамичен влез на македонскиот пазар, откако ја обезбеди лиценцата за брендот „шел“ преку долгорочен договор, којшто вклучува поддршка и трансфер на знаење во однос на горивата, новите технологии, услугите и маркетингот. Во пракса, целокупното глобално истражување и развој на горивата е пренесено преку малопродажните станици во корист на потрошувачите на македонскиот пазар.

    „Корал фуелс“ има за цел да расте со насочени инвестиции и развој низ целата земја со отворање нови, централно лоцирани малопродажни станици преку кои ќе обезбедува квалитетна услуга за своите клиенти.

    Водечкиот диференциран бензин Shell Fuelsave Unleaded 95, безоловен бензин 98-октански V-Power и Shell Fuelsave Diesel се достапни низ малопродажните бензински станици на „Шел“. Бензинската станица нуди и дополнителни содржини, ресторан, кафетерија, како и богато снабден маркет со широк асортиман на производи.

    Матичната компанија, Coral S.A. (поранешен Shell Hellas S.A.), работи во Грција од 1926 година. Со приближно 790 малопродажни станици кои работат под брендот „шел“, компанијата има пазарен удел кој надминува 30% и е лидер на грчкиот пазар. „Корал“ ја поседува и лиценцата на „Шел“ за пазарите во Кипар, Србија и Хрватска.

    „Шел“ е глобален лидер во иновација и технологија со повеќе од 100 годишна експертиза. Компанијата постојано инвестира во унапредување на производите за да излезе во пресрет на сè поспецифичните барања на современите возила и индустриски капацитети. За да ја подобри деловната ефикасност и да ги намали емисиите на јаглерод, „Шел“ развива повеќе опции за почиста енергија. Тоа подразбира напредни дизел горива и бензини, горива произведени од гас, биогорива, обновливи горива и други продукти.

    Бензинската станица во населба Пинтија работи 24 часа.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ