петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Северна Македонија ќе треба да му плати на поранешен „Хеленик петролеум“ 25,6 милиони евра

    Арбитражниот суд во Париз донел одлука во корист на Хеленик енерџи која пред судот ја тужеше Северна Македонија поради неисполнување на договорот за ОКТА.

    Информацијата ја објавија повеќе грчки и француски медиуми кои тврдат дека Хеленик енерџ, поранешен Хеленик Петролеум, добил 80 проценти од бараните 32 милиони евра, односно С Македонија ќе треба да и исплати на грчата енергетска компанија 25,6 милиони евра.

    Првично „Хеленик петролеум“ бараше отштетата да изнесува 40 милиони евра.

    Со договорот за продажба на ОКТА, потпишан во 1998 година, државата беше обврзана 20 години да купува по 500.000 тони мазут годишно, што е повеќекратно повеќе од потребите, па Северна Македонија престана да ја почитува обврската.

    Според грчките медиуми, арбитражата всушност ја забрзува постапката за повторно отварање на нафтоводот Солун Скопје односно продуктоводот според плановите.

    Неодамна грчката компанија најави дека ќе го рестартитра нафтоводот Скопје – Солун изграден за пренос на нафта. Компанијата која е дел од „Хеленик енерџи“ поднесе и барање за лиценца за пренос на дизел до Регулаторната комисија за енергетика.

    Пресудата од Арбитражниот суд во Париз е пристигната во Владата, во тек е нејзина анализа

    Пресудата на Арбитражниот суд во Париз со кој Северна Македонија ќе треба да плати оштета за договорот за ОКТА е пристигнат во Владата пред два-три дена и во моментот се разгледува и анализира од страна на адвокатскиот тим ангажиран од Владата.

    Советникот за енергетика во Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција рече дека адвокатскиот тим од Франција, што го има ангажирано Владата ја разгледува пресудата и дека по завршување на тој процес ќе бидат познати следните чекори што ќе се преземат.

    – Адвокаткиот тим, кој е ангажиран од Владата и не застапува, а тоа е „Дехерт“ од Франција, ја разгледува и ја анализира пресудата. По завршување на тој процес, заедно со Координативното тело кое е задолжено за арбитражните постапки, ќе и предложат на Владата соодветни чекори што ќе се презмат во однос на објавувањето на пресудата, рече совеникот за енергетика Виктор Андонов.

    Со донесената пресуда, како што посочи тој, преполовен е износот на оштета што го барала грчката компанија.

    – Вкупното оштетно побарување кон Република Северна Македонија заедно со каматите за периодот 2008-2011 година изнесуваат 42 милиони и 646 илјади евра. Согласно пресудата, оштетното побарување кое е пресудено од страна на Арбитражниот суд во Париз е за 50 проценти пониско од првичното барање, односно оштетното побарување пресудено од Судот изнесува 21 милион 478 илјади 799 евра, што значи дека нашиот адвокатски тим се изборил за преполовување на бараниот износ, рече Андонов.

    Прашан за најавите од грчка страна дека овие средства ќе ги инвестираат во нафтоводот Солун-Скопје, советникот на премиерот рече дека за тоа во моментот не се разговара.

    ВМРО-НП: Казната од судот во Париз е заради раскинат договор со „Хеленик петролеум“

    ВМРО – Народна партија, чиј лидер е некогашниот премиер Љубчо Георгиевски, во чие време ОКТА ѝ беше продадена на „Хеленик петролеум“,во врска со информацијата дека Северна Македонија го има изгубено процесот со „Хеленик Петролеум“ на Арбитражниот суд во Париз, се огласи со соопштение со кое, како што вели, сака да појасни неколку работи.

    „Казната против Северна Македонија не е донесена затоа што е потпишан договорот туку затоа што еднострано е раскинат од страна на Северна Македонија. Имено на една година пред истекувањето на петгодишнипот монопол, Уставниот суд на Северна Македонија се прогласи за надлежен дека може да раскинува меѓународни договори, иако низ сите други случаи на меѓународни договори во кои има стапено Македонија, се има прогласувано дека е ненадлежен.

    На тој начин само заради нетрпеливоста да се почека уште една година од договорот која требаше да помине, Северна Македонија се доведе во крајно непријатна ситуација.

    Во исто време сакаме да потсетиме дека од тогаш па до денес 90 отсто од мазутот во Северна Македонија, вклучително и оваа последна година на голема енергетска криза, го купуваме од Грција, а најмногу од „Хеленик петролеум“ наместо да го прозиведвуиваме во ОКТА“ – се вели во соопштението на ВМРО-НП.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ