четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Северна Македонија е прва членка на Енергетската заедница што поднесе нацрт Национален енергетски и климатски план (НЕКП)

    Северна Македонија е првата договорна страна што го достави својот нацрт Национален енергетски и климатски план (НЕКП) до Секретаријатот на Енергетската заедница.

    Исто така Албанија и Грузија објавија дека нацрт-поглавјата на нивните НЕКП се исто така доставени до Секретаријатот, додека Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Украина се уште се во фаза на изготвување и имаат за цел да ги достават своите планови наскоро.

    И земјите-членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан за прв пат подготвуваат Национални енергетски и климатски планови. НЕКП вклучуваат збир на мерки и активности предложени од секоја земја-членка, насочени кон постигнување на енергетските и климатските цели на ЕУ за 2030 година. НЕКП кои се подготвени од земјите од регионот ќе имаат ист состав, но не и исти цели затоа што не се членки на ЕУ.

    Според соопштението за печатот на Секретаријатот по 5-тиот состанок на Работната група за енергетика и клима, ќе ги издаде своите препораки до нацрт-планот на Северна Македонија, предвиден од Министерскиот совет пред конечното поднесување

    За време на состанокот, Европската комисија даде преглед на процесот на проценка на НЕКП во ЕУ.

    Студијата насочена кон проширување на капацитетите за моделирање на ЕУ кон Енергетската заедница и нејзините девет договорни страни за пресметување на вкупните цели во 2030 година, ќе започне во ноември 2020 година, соопшти Секретаријатот.

    Секретаријатот исто така најави започнување на студија за енергетска сиромаштија, која ќе го процени бројот на домаќинства во енергетска сиромаштија во Договорните страни и ќе предложи политики и мерки за нејзино решавање.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ