петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    „Северен поток 2“ под германско ембарго

    Поради ескалацијата на руско-украинскиот конфликт, канцеларот Олаф Шолц наредил повлекување на документите, со што се оневозможува доделување сертификати за отворање на гасоводот

     

    Германија ја запира постапката за одобрување на гасоводот „Северен поток 2“, поради ескалацијата на украинската криза и заканата од напад од Русија.

    Германскиот канцелар Олаф Шолц посочи дека ЕУ денеска ќе одговори со санкции на одлуката на Русија да ги признае Доњецк и Луганск и дека наредил повлекување на документите, со што се оневозможува доделување сертификати за отворање на „Северен поток 2“.

    Одгласи по договорот Берлин-Вашингтон за „Северен поток 2“

     

    На прес-конференција, Шолц рече дека ЕУ ќе се договори за пакетот санкции што ќе го усвои денеска.

    „Побарав од Министерството за економија да го повлече документот од процедура и со тоа да го оневозможи сертификатот за гасоводот Северен поток 2“, рече тој.

    Шолц рече дека Европа се соочува со тешки денови и дека 80 години по Втората светска војна, во Европа се заканува нова војна.

    „Наша одговорност е да го спречиме тоа. Апелирам до Русија да ни помогне во тоа“, истакна Шолц.

    Украинската криза и можните последици по снабдувањето со гас во Европа

    НАЈНОВИ ВЕСТИ