недела, октомври 13, 2024
spot_img
Повеќе

    Се воведуваат мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите препораки, за институциите конкретни задолженија

    Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции.

    Како што соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши, мерките ќе стапат во сила од 1 септември годинава, а ќе важат до 31 март 2023 година.

    -Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план, не само за нас, туку и за сите земји во регионот, како и во Европа. За полесно да се справиме со она што не очекува, за непречено снабдување со електрична енергија, рационално трошење и пониски сметки, подготвивме план и препораки за заштеда на струја. Мерките се поделени во повеќе категории, зависно дали се работи за домаќинства, компании или објекти, институции и претрпијатија во државна сопственост. Целта е намалување на потрошувачката за 15 отсто споредено со истиот месец лани. Ако не се постигне оваа цел, ќе следуваат согласно етичкиот кодекс и сите уредби, одредени санкции за сите раководители на институциите, истакна Бектеши.

    Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, во сезона на ладење климите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени, да се исклучуваат компјутерите по работата, редовно да се менуваат филтрите на грејните тела и клима уредите, да се принтаат само потребните материјали, да се заменат прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од препораките за државните институции.

    Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевскипосочи дека се прават напори да се зголеми производството и за да се задоволат потребите на потрошувачите, најавувајќи дека компанијата ќе произведе  15 отсто повеќе електрична енергија од лани, пред се како резултат на поголемо производство кај термоелектраните. Производството кај хидроелектраните е значајно помало.

    „Планот за производство на електрична енергија се базира на зголемен ископ на јаглен во рудниците Суводол и Брод Гнеотино, за да се задоволат потребите на двата блока во РЕК „Битола“. Исто така има и увоз јаглен за подобрување на калоричноста“, рече Ковачевски додавајќи дека ТЕЦ „Неготино работи со половина капацитет, односно со еден котел, како и дека интензивно се прават залихи на мазут со цел да може да се користат кога ќе се зголеми потрошувачката.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ