петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Се спојуваат ГА-МА и НЕР, ќе се подобри ли снабдувањето со природен гас

    Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека денеска ќе се случи спојување меѓу ГА-МА и Национални енергетски ресурси – НЕР со кое ќе се формира нов правен субјект. Ова ново трговско друштво во иднина ќе го развие системот на гасификација во нашата држава со што ќе стане уште понезависна во делот на снабдување со природен гас, вели Бектеши.

    „Целиот систем на гасификација ќе биде во сопственост на граѓаните преку новата компанија. Заради тоа што во ГА-МА, 50 отсто беше сопственик ‘Макпетрол’, 50 отсто беше државата, донесовме посебен закон во Собрание со што ги купивме сите акции од ‘Макпетрол’ и требаше да помине процедура за да се спојат овие компании“, посочи Бектеши.

    Национални енергетски ресурси е за изградба на инфраструктура, а ГА-МА беше во делот на преносот на природен гас.

     

    Сега, како што посочи Бектеши, ќе биде една компанија која ќе биде многу поуспешна, профитабилна и ќе влијае на независноста на државата во снабдувањето со природен гас.

    Инаку, трансакцијата со која државата го откупи делот на „Макпетриол“ во ГА-МА, се изврши на крајот на август минатата година при што за таа цел беа уплатени 32.773.905 милиони евра.

    Со тоа беше ставен крај на долгогодишниот спор околу утврдување на сопственичката структура на ГА-МА.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ