четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Се разгледуваат можностите како да им се помогне на производителите на основните прехранбени продукти

    Се разгледуваат опциите како производителите на основните прехранбени продукти да имаат пониска регулирана цена за да се намалат финалните цени на крајните производи, но и како да им се излезе во пресрет на јавните комунални претрријатија, соопшти  министерот за економија, Крешник Бектеши.

    Според него, министерот за финансии, Фатмир Бесими до крајот на оваа или почетокот на идната недела најверојатно ќе ги презнетира мерките за ранливите категории граѓани.

    -Мерките се таргетирани, посебно за ранливите категории граѓани. Вчера на Економскиот совет разговаравме во детали за да не биде се на товар на Буџетот и мерките ќе бидат објавени. Најавивме дека училиштата ќе се префрлат на регулираниот пазар и дека болниците ќе бидат поддржани од ЕСМ продажба. Сега се прават анализи за јавните комунални претпријатија и тие се при крај. Се дизајнира методологијата и се бара начин како ќе им излеземе во пресрет, но ќе има механизам, истакна министерот во вечерашното гостување на ТВ Сител.

    Во врска со топлинската енергија, Бектеши уште еднаш повтори дека парно ќе има, а за октомври се обезбедени потребните количини природен гас. Идната недела или кон средината на месецов, додаде, ќе има понуди и за ноември, а цените ќе бидат за 300 до 350 евра пониски.

    Како што објасни Бектеши, Чаир и Бутел изминативе три дена имаат парно зашто топланата Север има природен гас од претходната грејна сеозна во складиштата.

    -Сепак, немам информација дека обезбедиле природен гас од 15 октомври натаму, рече министерот.

    Тој оцени и дека од 1 јануари притисокот на зголемување на цената на топлинската енергија ќе биде помал.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ