четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Се бараат „изгор“ цени за парното греење

    РКЕ утре ќе донесе конечна одлука  и за цената на електричната енергија во првото полугодие од 2022

     

    Енормно зголемување на цената на парното греење во Скопје за над 300 насто побарала Балкан енерџи груп (БЕГ) од Регулаторната комисија за енергетика РЕК) , поради високата цена на природниот гас.

    Цената на гасот  урива рекорди на светските берзи, поради што од БЕГ бараат драстично поскапување на парното. Од РЕК, пак, најавуле дека нема да дозволат цената до толку да се зголеми.

    Околу 60 илјади домаќинства во Скопје се приклучени на парно греење.

    Цената на парното последен пат беше регулирана во текот на летото, кога беше намалена за четири проценти.

    Инаку, РКЕ утре на главна седница ќе донесе конечна одлука за цената на електричната енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари.

    На денешната подготвителна седница се претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба.

    Се чекаат и забелешките, во писмена форма, од енергетските компаниии, кои веќе побараа зголемување на цената на електричната енергија.

    Новата цена на струјата за корисниците на регуларниот пазар ќе важи во првите шест месеци од наредната година.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ