недела, октомври 13, 2024
spot_img
Повеќе

    САД ги проширија санкциите против „Северен поток 2“

    Според управувачката компанија за изградба на рускиот гасовод, на удар се 120 компании во 12 европски земји
    Околу 120 компании  ќе бидат на удар на санкциите на САД, според управувачката компанија за изградба на рускиот гасовод „Норд стрим 2 АГ“ кој треба да се протега од Русија до Германија под Балтичкото Море.
    „Секоја закана со  санкции против проектот ‘Северен поток-2’ има влијание на цела низа западни изведувачи и инвеститори. Ако санкциите стапат во сила, тие ќе ударат по повеќе од 120 компании од 12 земји во Европа, се вели во денешниот соопштение за јавноста на „Норд стрим 2 АГ“.
    Американскиот Стејт департмент воведе нови санкции против компаниите кои даваат услуги, стоки или финансии за модернизација или инсталација на опрема на пловилата кои ќе работат на гасоводниот проект. Во Вашингтон, гасоводот се смета  како инструмент за ширење на влијание на Русија во Европа и закана за енергетскиот пазар на ЕУ.
    Стејт Департментот го прошири опсегот на санкции насочени кон незавршениот гасовод со природен гас, поддржан од Русија, кој беше извор на напнатост помеѓу Германија, Русија и САД, пишува „Вол стрит журнал“.

     

    Санкциите донесени кон крајот на минатата година се фокусираа на пловни објекти за поставување цевки за „Северен поток 2“ и го стопираа гасоводот вреден 10,5 милијарди долари, наменет за пренос на руски гас во Германија, 100 милји помалку од завршувањето под Балтичко Море. Американските власти се загрижени дека гасоводот ќе ја зголеми моќта на Русија во Европа и ќе ѝ овозможи да ја заобиколи гасоводната мрежа што минува низ Украина, пишува весникот.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ