петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Романија планира да инвестира околу 23 милијарди евра во енергетскиот сектор до 2030 година

    Според Минестерството за економија, Романија планира да инвестира над 22,6 милијарди евра во својот енергетски сектор во следните десет години според нацрт-енергетската стратегија на владата 2020-2030 година.

    Романија има за цел, 30,7% од своите енергетски потреби да ги задоволи од обновливи извори до 2030 година, во споредба со 24,4% во моментов, според планот објавен за јавна дискусија од Министерството за економија.

    Во следните десет години, Романија има намера да го зголеми инсталираниот капацитет за производство на енергија за 35% со нов капацитет на ветерна енергија од 2.302 MW и нов капацитет од сончева енергија  3.692 MW, со што се обезбедува повисок степен на енергетска независност.

    Поголемиот капацитет за производство на енергија ќе и помогне на Романија да го намали увозот на енергија од 20,8% потрошувачка проценета за 2020 година на 17,8% во 2030 година, достигнувајќи едно од најниските нивоа на зависност од увозот на енергија во ЕУ.

    Во врска со сегментот на природен гас, Романија ќе се фокусира на развојот на националниот систем за пренос на гас на коридорот Бугарија – Романија – Унгарија – Австрија (БРУА) ​​и на развојот на јужниот гасен коридор за прием на природен гас од бреговите на Црното Море.

    Романија планира да замени неколку енергетски централи на јаглен со единици на комбиниран циклус напојуван од природен гас и единици базирани на обновливи извори на енергија до 2030 година.

    Стратегијата предвидува и изградба на два дополнителни реактори во нуклеарната централа во Чернавода управувана од Нуклеаректрика. Во моментов, електричната енергија произведена со нуклеарна енергија опфаќа околу 18% од производството на електрична енергија во земјата преку двете постојни единици во Чернавода и тој удел ќе се зголеми на околу 28% во 2035 година со додавање на уште два реактори, покажа планот.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ