петок, декември 3, 2021
spot_img
Повеќе

    РКЕ ќе објави црна листа на снабдувачи со електрична енергија кои не ги почитуваат договорите

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) се подготвува да објави црна листа на снабдувачи со електрична енергија кои не ги почитуваат договорите со потрошувачите на слободниот пазар, најави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

    – Изминативе месеци цената на електричната енергија на светските берзи е зголемена и дел од снабдувачите поради тоа ги раскинуваат договорите со некои од компаниите пред време и има обиди да фактурираат по нови цени, а тоа не е дозволиво. Ги предупредивме, ќе почнеме и постапки за одземање на лиценци, а и ги разгледуваме можностите за да се објави црна листа за да можат да знаат потрошувачите кои снабдувачи имаат лошо поведение и не ги почитуваат договорите. Снабдувачот е обврзан да му даде услуга на потрошувачот по иста цена по договорот додека трае периодот на префрлување, односно свичинг кај нов снабдувач. Дотогаш не смее да му ја промени цената од договорот, изјави Бислимоски за Утрински брифинг.

    Бислимоски уверува дека цената на домаќинствата е стабилна и е гарантирана од страна на РКЕ.

    Посочува дела во Северна Македонија во моментов има 13 активни снабдувачи, со што се позиционира како земја со најмногу активни снабдувач во овој дел од Европа.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја