петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    РКЕ ќе добие уште еден нов член, кандидат е Лирим Сулејмани

    За неговиот избор на функцијата, по предлог на Владата, ќе одлучува Собранието, на седницата што почнува на 18.овој месец

     

    Лирим Сулејмани е кандидат за нов член на Регулаторната комисија за енергетика и водени услуги (РКЕ).

    За неговиот избор на функцијата, по предлог на Владата, ќе одлучува Собранието, на седницата што почнува на 18.овој месец.

    Според предлогот што Владата го доставила до парламентот, Сулејмани се јавил на јавниот оглас на кој требало да се изберат двајца кандидати за членови на РКЕ, ама засега има кандидат за само едно место.

    Сулејмани, според биографијата со која аплицирал на огласот, е дипломиран правник од Гостивар, кој има повеќегодишно работно искуство во ЕВН и во ЕСМ.

    Според Законот за енергетика, членовите на РКЕ се избираат со мандат од пет години и со право на само еден реизбор на функцијата. РКЕ брои седум члена, од кои еден е претседател. Функцијата се извршува професионално и е неспојлива со друга функција или работно место.

    Минатата седмица, Собранието го избра Андреј Тасев за член на РКЕ. Во расправата по оваа точка, пратениците од мнозинството и од опозицијата настапија со спротиставени ставови. Според ВМРО-ДПМНЕ, изборот на Тасев е спротивен на Законот за енергетика, затоа што тој бил функционер на СДСМ.

    СОБРАНИЕТО ГО ИЗБРА НОВИОТ ЧЛЕН НА РКЕ

    НАЈНОВИ ВЕСТИ