четврток, април 18, 2024
spot_img
Повеќе

    РКЕ ќе добие нов член – кандидат е Андреј Тасев

    Андреј Тасев, дипломиран машински инженер, од Дојран е кандидат на Владата за нов член на Регулаторната комисија за енергетика.

    Кандидатурата на Тасев е утврдена на владина седница на крајот на минатиот месец, а тој се очекува да биде избран на функцијата на собраниската седница што треба да почне на 21 овој месец.

    Според биографијата што ја доставил до Владата, Тасев дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје, а магистрирал економија на УТИМ. Од 2002 година,  е сопственик и управител на фабрика за амортизери и резервни делови СТД во Нов Дојран, а бил и советникво општина Дојран.

    Според Законот за енергетика, РКЕ брои седум члена, од кои еден е претседател. Тие се бираат со мандат од пет години без право на реизбор веднаш по завршување на мандатот. Функцијата се извршува професионално и е неспојлива со друга функција или работно место.

    На јавниот оглас за оваа функција имало и други кандидати, ама  Владата, по образложението на кадровската комисија за разгледување на пријавите, го избрала Тасев.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ