среда, април 17, 2024
spot_img
Повеќе

    РЕК „Осломеј“ од утринава исклучен од мрежа

    РЕК Осломеј е исклучен од мрежата за производство на струја поради планирани активности за санација, информираа од ЕСМ.

    -Во следните неколку недели во РЕК Осломеј планирани се активности за санација на млинови, на кондензатор, издувни канали. Останува отворена и можноста за брзо ставање во функција на термоцентралата во зависност од потребите на електроенергетскиот систем на државата. Во меѓувреме, со работа продолжуваат сите останати капацитети на АД ЕСМ со цел до крајот на грејната сезона да се обезбедат сите потребни количини на електрична енергија исклучиво од домашно производство се наведува во соопштението од ЕСМ.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ