четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Регулаторна ги зголеми границите на тарифните блокови

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) го скрои тарифникот, со кој ќе се мери потрошувачката на струја. Остануваат четири блока, но она што се забележува е значително зголемување на границите на блоковите.

    -Блоковите ќе важат исклучиво за време на важење на скапата тарифа, од 7 до 22. Евтината тарифа продолжува како што беше досега до 22 до 7 и цел ден недела и потрошувачката кај евтината тарифа нема да биде тарифирана врз основа на блокови, за евтина тарифа нема да важат блоковите, нагласи претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

    Границата на првиот тарифен блок е 210 киловат часови потрошена струја во период од 30 дена. Вториот тарифен блок е до 630 киловат часови потрошена струја во период од 30 дена. Третиот блок е до 1.050 киловат часови а четвртиот блок е над 1.050 киловат часа.

    Од Регулаторна соопштија дека од ЕВН побарале читањето на броилата да се врши на секои трисест дена а не како досега.

    Бислимоски уште еднаш повтори дека потрошувачите ќе ги плаќаат само разликите од еден во друг блок, како што ќе ги поминуваат границите. Тој напомена и дека има случаи кога две-три семејства живеат во една куќа на неколку катови и имаат заедничко броило за електрична енергија, па за да не преоѓаат во скапите блокови неопходно е разделување на потрошувачите.

    – Ги повикувам ЕВН во најкус можен рок да одговорат на барањето на граѓаните за раздвојување на броилата – рече Бислимоски и информираше дека таа услуга е 12.000 денари.

    Колку плус ќе треба да платат граѓаните ако имаат поголема потрошувачка на струја ќе се знае во среда кога се очекува да се донесе и новата цена на струјата.

    Новата цена на струјата по која граѓаните ќе ја плаќаат струјата по 1 јули годинава ќе зависи од тоа колкаво покачување на цената ќе побара универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ, откако ЕСМ, од чија понуда најмногу зависи цената, во петокот понуди цена од 48 евра за мегават час што е за 17 отсто поскапо од досегашните 41 евро.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ