четврток, април 18, 2024
spot_img
Повеќе

    Речиси 18 милиони евра доби ЕСМ од Владата за да може да купува гас

    Речиси 18 милиони евра  доби ЕСМ од Владата за да може да купува гас и да произведува топлинска енергија во престојната грејна сезона. Ваква одлука донесе владата на денешната седница.

    „Беше донесена Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари за набавка на енергенси, пред почетокот на грејната сезона, на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје, согласно Одлуката за постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

    Со преземените соодветни мерки од страна на Владата се обезбедува непречено снабдување со топлинска енергија на градот Скопје и сигурност и стабилност при испораката на топлинска енергија до потрошувачите за време на годинешната грејна сезона “ се вели во соопштението од Владата.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ