четврток, март 28, 2024
spot_img
Повеќе

    Прогласена кризна состојба во енергетиката од 30 дена, нема рестрикции за граѓаните

    Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена на барање на Комисија за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија формирана од Министерството за економија.

    Како што информираше министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, одлуката е донесена врз основа на процената на Комисија дека постои ризик од настанување на кризна состојба поради недостиг на електрична енергија и состојбата на пазарот на електрична енергија врз основа на извештајот изготвен од МЕПСО за проценката на стабилноста на македонскиот електроенергетски систем за последниот квартал на оваа година.

    Тој нагласи дека кризната состојба е со цел да се вбризгаат средства во енергетските компании и да се зголеми нивната ликвидност, како и дека нема да има никакви рестриктивни мерки за граѓаните.

    Тој појасни дека кон енергетските компании од Буџетот ќе бидат трансферирани околу 4 милијарди денари (околу 65 милиони евра) се со цел да може да се надминат сите ризици кои престојат во енергетскиот сектор и за редовно снабдување со струја.

    Одговарајќи на новинарско прашање, Бектеши рече дека на денешната седница на Владата не било разгледувано разрешувањето на првиот човек на Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ