четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Продолжува падот на производство на електрична енергија оваа година за разлика од минатата

    Според податоците на Државниот завод за статистика, продолжува падот на производството на електрична енергија. Во септември 2020 година, за разлика од ланското производство во истиот период производството е намалено за 6,6%. Овогодинешното бруто производство е 455 693 MWh, додека ланското производство во септември беше 488 064 MWh.

    Падот на производството од термоелектраните е 20%, бруто производството годинава во септември беше 208 481 MWh, споредено со ланското производство во овој период од 260 915 MWh. Ова се должи на ремонтот на Блок 3 од РЕК Битола и со завршеток на ремонтот се очекува да се врати производството во ланските рамки.

    Производството на електрична енергија од хидроцентралите од друга страна се уште е поголемо од лани за 31%, но со исклучувањето на овие централи заради неповолната хидролошка состојба се очекува во следниот период да има намалување на производството.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 85.3 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97.7 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ