петок, март 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Продолжува големата покриеност на потрошувачката на електрична енергија од увоз

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2020 година, вкупната потрошувачка на електрична енергија изнесува 671 057 МWh. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 60.8 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија што значи дека скоро 40% од потрошувачката е покриено од увоз. 96.2 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

    Најголем пад споредено со ланската година има кај производството на електрична енергија од хидроцентралите поради неповолната хидролошка состојба на реките и езерата од 63,4% од 87 397 MWh на 31 956 MWh и термоцентралите заради ремонтите од 26% од 241 667 MWh на 178 743 MWh, додека најголемиот раст има кај производството на струја од комбинираните централи (гасна централа ТЕ-ТО) од големи 218,5% од 49 772 MWh на 158 352 MWh (количината на произведена електрична енергија е скоро како на РЕК Битола), кај ветерните централи растот е од 91% од 4 180 MWh на 7 983 MWh и кај соларните електрани од 57,3% од 888 MWh на 1 397 MWh.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ