сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Прехранбените компании кои ги немаат намалено цените ќе останат без субвенционирана струја

    -Прехранбениот сектор има рок од 20 дена да ги намали цените на производите, во спротивно нема да може да користи субвенционирана струја. Освен тоа, ќе добие и казна бидејќи не се го почитува договорот со Владата за да ги намали цените. На крајот на месецов анализата на Државниот пазарен инспекторат треба да покаже колку компании ги намалиле цените, а колку се богателе на грбот на граѓаните, иако користеле поевтина струја, посочи денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

    -На дневна база разговараме со стопанските коморите и со одредени сектори од индустријата, особено производителите на домашни прехранбени производи. Во случај ако нема дополнително намалување ќе се доведеме во ситуација тоа да се укине како поддршка од страна на Владата, затоа што целта на поддршката што ја даде Владата на барање на стопанските комори беше да се влијае во делот на намалувањето на цените на основните прехранбени производи. Ако не се намалат на процентот што е договорен помеѓу компаниите и Владата и согласно очекувањата на потрошувачите подобро тие средства да ги дадеме на граѓаните преку различни мерки, рече Бектеши на средба со новинари.

    Посочувајќи дека намалувањето би требало да се движи од седум до 13 отсто,  потенцираше дека одредени компании ги намалиле цените, а за жал одредени не.

    Бектеши додаде дека компаниите од прехранбениот сектор користат струја која чини 80 евра за мегават час, наместо 200 евра, колку што изнесува на слободниот пазар. Тоа буџетот ќе го чини околу 3,5 милиони евра до април. Но, откако од 1 декември 2022 година субвенцијата започна да се применува, во маркетите по пониски цени се продаваат само неколку производи, а не сите, како што првично беше договорено помеѓу Владата и производителите.

    Инаку, со месеци компаниите скапата електрична енергија ја  споменуваа како причина за поскапувањето на производите. Бараа да им се помогне со цел да ги намалат торшоците за производство, што дирекно ќе се одрази на крајните цени.

    Поевтината струја, дел од фирмите ја добија од први декември лани.

     

    НАЈНОВИ ВЕСТИ