четврток, април 25, 2024
spot_img
Повеќе

    Пратеникот Сурија Рaшиди предлог на Алијанса за директор на МЕПСО

    Алијанса за Албанците за директор на МЕПСО го предлага досегашниот пратеник од нивните редови Сурија Рашиди кој на директорското столче ќе го замени досегашниот Орхан Муртези кој доаѓаше од редовите на Алтернатива, партија што замина во опозиција. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево.

    Рашиди е дипломиран машински инженер на Универзитетот во Приштина.

    Алијанса за Албанците во изјава за новинската агенција МИА посочуваат дека промени ќе има и во градот Скопје. Досегашната заменик градоначалника на Скопје Бујаре Абази ќе биде предложена за директорка на „Македонски пошти“ на местото на Васко Стефанов. Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.

    Со реконструкцијата на Владата, Алијансата за Албананците ги доби и министерствата за правда, за здравство и за информатичко општество и администрација со кои раководат Кренар Лога, Фатмир Меџити и Азир Алиу. Кадри на Алијансата за Албанците се поставени и на заменичките места во Министерството за одбрана Тирон Јајага и заменик министер во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Вјолца Бериша.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ