петок, април 19, 2024
spot_img
Повеќе

    Пожар во терминал за течен гас го прекина клучниот извор на американско снабдување во Европа

    Важниот американски терминал ќе биде затворен три недели поради пожарот што избувна на 8 јуни

     

    Експлозија во еден од најголемите американски терминали за извоз на течен природен гас ќе доведе до намалување на извозот на американскиот гас на светските и европските пазари, кои веќе се под притисок поради напорите на европските земји да запрат увоз на тој енергенс од Русија.

    Цената на гасот во Европа веднаш порасна. Важниот американски терминал ќе биде затворен три недели поради пожарот што избувна на 8 јуни, јави Блумберг пренесувајќи изјава на портпаролот на компанијата Фрипорт ЛНГ.

    Експлозијата во постројката во Тексас ќе го намали извозот на американски гас во време кога светот се соочува со недостиг, истакнува Блумберг, посочувајќи дека речиси една петтина од сите испораки на гас во странство од САД поминале преку тој терминал минатиот месец.

    Во првите четири месеци од оваа година, САД испратија речиси три четвртини од својот течен природен гас во Европа, која сега добива речиси половина од снабдувањето со гас преку Атлантикот, додека европските земји се обидуваат да ја прекинат зависноста од руски енергенси поради инвазијата врз Украина.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ