сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Повеќе од 10 компании го пикираат ТЕЦ „Неготино“

    Владата очекува позитивен исход и за „Чебрен“, бидејќи, како што посочи премиерот, документација подигнале над 70 реномирани компании од областа на енергетиката

     

    Големи светски компании од енергетскиот сектор  се заинтересирани за  ТЕЦ „Неготино„.

    Централата, во сопственост на државата, која е резерва за македонскиот енергетски систем и која поради нертабилниот мазут на кој работи, не е во функција повеќе од 10 години, ќе оди или на продажба или на јавно приватно партнерство, соопшти премиерот Заев.

    Најмалку 10 компании се заинтересирани за ТЕЦ „Неготино“, но физибилити студијата, која се очекува да биде готова на почетокот на следната година, ќе покаже дали овој енергетски капацитет ќе се продава целосно или ќе се оди по пат на јавно-приватно партнерство.

    Премиерот Заев, денеска во Неготино, истакна дека има сериозен интерес за овој енергетски капацитет.

    – Досега има најмалку 10 компании заинтересирани за ТЕЦ Неготино, затоа што тој има одлична географска местоположба, одлична поврзаност со мрежата и трафостаници кои можат да ја примат енергијата од новото производство на струја“, рече Заев.

    Владата очекува позитивен исход и за „Чебрен“, бидејќи, како што посочи премиерот, документација подигнале над 70 реномирани компании од областа на енергетиката како што се германската RWE, шпанските енергетски компании, грчката PPS и многу други.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ