сабота, февруари 4, 2023
spot_img
Повеќе

    Поскапуваат горивата, дизелот повторно над 100 денари

    Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 0,5 денари за литар, на дизелот за три, а на екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, додека мазутот поскапува за 0,977 денари за килограм.

    Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе чини 89,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 92 денара, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 101,50 денари, а екстра лесното масло 97,50 денари. Цената на мазутот ќе изнесува 53,955 денари за килограм.

    Со оваа Одлука, според РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,41 отсто во однос на одлуката од 26.08.2022 година.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ

    Струја