четврток, февруари 29, 2024
spot_img
Повеќе

    Поскапуваат бензините и дизелот

    Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 а 1,00 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 82,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 84,50, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 денари.

    За 1,50 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и литар ќе се продава за 76,50 денари.

    Се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,065 денари и килограм ќе чини 42,262 денари.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ