петок, октомври 11, 2024
spot_img
Повеќе

    Поскапува струјата, понудата на ЕСМ е за 5 отсто поскапо да ја продава својата струја на ЕВН

    Според, неофицијални информации ЕСМ дале понуда нивната струја на универзалниот снабдувач ЕВН ХОУМ да му ја продаваат за 5 отсто повеќе. Односно од сегашните 57 евра цената за мегават час да се зголеми на 60 евра.  Ова значи дека понудената намалена маржа од страна на ЕВН нема да резултира со пониски цени за домаќинствата и малите потрошувачи.

    Но, какви ќе бидат сметките на граѓаните ќе се знае за неколку дена. На 20 месецот е аукцијата, a одлуката за новата цена ќе се донесе до крајот на јуни.

    Од ЕСМ информираат дека нема да го покриваат целото количество на електрична енергија, туку на тендерот ќе понудат само 85% од потребите за домаќинствата. Останатото количество универзалниот снабдувач ќе мора да го обезбеди од други извори.

    Претходно, постоеја очекувања дека цената на струјата ќе се намалува, имајќи предвид дека на светските берзи има тренд на пад на цените на електричната енергија.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ