сабота, април 20, 2024
spot_img
Повеќе

    Поскапува ЕУРОСУПЕР БС-95 за половина денар за литар

    Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар, а за толку поевтинува Екстра лесното масло за домаќинствата (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 85 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 72,5 денари. Поскапува и Мазутот М-1 НС за 0,330 денари и новата цена ќе изнесува 41,409 денари за килограм.

    Не се менуваат цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и литар и натаму ќе се продава за 87 денари, односно 74 денари.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ