Регулаторната комисија за енергетика денес донесе нова одлука за цените на горивата, која ќе важи од полноќ.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 3,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ, изнесува 96,50 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство, изнесува 93,00 ден/лит.Со тоа, цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде за 7,5 денари повисока од цената на бензинот од 95 октани.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на ЕУРОСУПЕР БС-95 – 89,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 91,50 ден/лит, додека на Мазутот М-1 НС – 51,686 ден/кг.