петок, април 26, 2024
spot_img
Повеќе

    Помал ДДВ за електрична енергија и за компаниите бара Мицкоски

    Опозициската партија ќе поднесе два амандмана на предлогот за намалување на ДДВ за струјата

     

    ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе два амандмана на предлог-законот за намалување на ДДВ за електрична енергија. Ќе побара законот да важи не само за домаќинствата, туку и за компаниите, како и данокот да остане пет отсто доколку цената на електричната енергија не биде иста.

    Ова го најави партискиот лидер Христијан Мицкоски, во гостување на Сител, и побара поддршка од владејачкото мнозинство за амандманите што в понеделник ќе бидат поднесени во Комисијата за финансирање и буџет.

    „Ќе имаме амандман според кој намалувањето на ДДВ на сметките за електрична енергија нема да биде само за домаќинствата, туку и за компаниите, зашто има можност предлогот да има краток век, до завршувањето на локалните избори, а потоа некој да го обжали на Уставен суд, да падне и повторно данокот да се врати  на 18 отсто и да плаќаме 12,5 отсто поскапа електрична енергија. Нема да има дополнителни оптоварувања, кај фирмите тоа е влезен дел, го пребивиаат, ама ќе се подобри нивната ликвидност“, рече Мицкоски.

    Вториот амандман, како што објасни, ќе биде за цената на електричанта енергија што во иднина ќе ја добива ЕСМ од приватните трговци.

    „Ако цената биде иста, тогаш да можеме да бараме зголемување на ДДВ. Но ако не биде иста, тогаш да остане цело време пет осто, а не само една година, додека не поминат локалните избори. Ги повикувам Заев, Бесими и Ковачевски да ги поддржат овие два амандамна“, рече Мицкоски.

    Според него, одлуката на Регулаторна комисија е по 5,36 денари да се продава киловат час. Ако тоа се спореди со цената лани, 4,77 денари, се доаѓа до покачување за  12,5 – 13 отсто.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ