вторник, април 23, 2024
spot_img
Повеќе

    Полска бара поддршка од ЕК за изградба на нуклеарна електрана

    Полска ќе побара од Европската комисија да одобри државна финансиска помош за изградба на нуклеарна централа, изјави денеска министерот за енергетика Пјотр Наимски.

    Најголемото производство на електрична енергија во Полска доаѓа од согорување на јаглен, поради што Владата на таа земја сака да ги намали емисиите на штетни гасови, согласно стандардите на Европската унија.

    Државата сака да изгради нуклеарна централа со енергетски капацитет од шест до девет гигавати.Електраната треба да биде завршена во 2033 година, но сè уште нема финансиска конструкција.

    На почетокот на оваа недела, Полска и САД постигнаа договор според кој Варшава би купила делови нуклеарна технологија во вредност од 18 милијарди долари од Американците.

    НАЈНОВИ ВЕСТИ